Сакате да имате секс на јавно место?- прочитајте го овој текст

Сакате да имате секс на јавно место? Бо тој случај прво прочитајте го овој текст.

Сексот во кино, гардероба од бутик, тоалет во ресторан, на паркинг, во парк... е ризична забава и можат да ве фатат, а во некои земји и да ве казнат. Доколку сепак, не можете да му одолеете на адреналинот и разбуденото либидо, прочитајте ги овие совети.

Без оглед на силината на вашата желба, добро размислете за тоа дали некој, сепак, може да ве види. Сексот на работното место, на пример, може да ве чини отказ, сексот на плажа неколку стотици евра казна, а сексот во парк може да заврши на ЈуТјуб! Затоа, изберете место за кое сте апсолутно сигурни дека вие и вашиот партнер ќе бидете „невидливи“ за останатите.

Доколку вашиот партнер не е воодушевен од идејата, морате малку да се потрудите: шепотење на увце, наговестување за „забавата“ која ве очекува, нежни допири на интимните делови под маса...Значи, не можете туку така да го соблечете партнерот на јавно место, дури и ако тоа е совршено безбедно.

Имајте ја во предвид неудобноста. Изборот на пози е многу помал отколку кога сте во соба, на кревет, а исто така не сметајте на тоа дека ќе трае долго, а не мора да подразбира ниту оргазам.

Извор: Точка

03.10.2014 - 14:36

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега