Новак ќе биде со Јелена за време на породувањето

Наскоро Јелена Ѓоковиќ трееба да се породи и на свет да го донесе своето прво дете. На Јелена и Ноле  им е сеедно дали ќе добијат син или ќерка.

- Јелена и Новак се многу возбудени за породувањето, кое би требало да се случи при крај на овој месец. Иако многумина не им веруваат, тие навистина не знаат кој пол е бебето- вели близок извор за српскиот „Блиц“.

Како што пишуваат српските медиуми, тенисерот сите обврски при крај на месецот ќе ги одложи за последните денови да биде покрај сопругата  и породувањето на нивното прво дете.

 

03.10.2014 - 14:40

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега