Вестрпем подобар од Ран Некар следниот противник на Вардар

 Унгарскиот првак  Вестпрем славеше победа против германскиот тим Рајн Некар во натпревар од 2.коло на групата Ц во ракометната Лига на шампиони.

Вестперм победи со 27:24 и ја оствари втората победа во оваа група, па заедно со македонскиот вицепрвак Вардар се двата тима кои имаат максимален учинок досега. Токму германскиот тим е следниот противник на црвено-црните и тоа по седум дена (12 октомври) во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Вардар и Вестперм до тогаш остануваат единствените две екипи во оваа група со максимален број победи, иако 2.коло во Ц групата е некомплетно, имајќи предвид дека денеска својот натпревар од оваа рунда ќе го одиграат францускиот Монпеље и словенечкиот Целје, тимови кои беа поразени во првото коло.

Покрај овој натпревар денеска ќе се играат уште пет мечеви.

Двојки и резултати од 2.коло во ракометната Лига на шампиони

Недела
12:30 Барселона - Висла Плок
15:10 Бешикташ - Колдинг
16:50 Алборг - Кадетен Шафхаузен 
17:00 Монпеље - Целје
19:00 ПСЖ - ППД Загреб
19:30 Фленсбург – Алингсас

Сабота 
Килце – Пик Сегед 37-32
Мешков Брест - Металург 28:24
Мотор Запорожје – Данкерк 21:23
Вардар - Чеховски Медведи 39:28
Вестпрем – Рај Некар 27:24

05.10.2014 - 11:32

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега