ВИДЕО: Хет-трик за Роналдо во „петката“ на Реал

Фудбалерите на Реал Мадрид против Атлетик Билбао забележаа лесна победа од 5:0, за четврт триумф во низа во шпанската Примера.

Реал Мадрид во последниот меч од седмото коло на Примера со 5:0 на домашен терен славеше против Атлетик Билбао и се искачи на четвртото место со 15 бодови.

Повторно доминираше Кристијано Роналдо кој трет пат во последните четири меча запиша хет-трик.

Баскијците го бележат еден од најлошите почетоци на сезоната во историјата, а по седум меча се наоѓаат во зоната за испаѓање со само четири бодови.

Реал поведе уште во првиот напад кога Кристијано Роналдо ја казни очајната реакција на одбраната на гостите.

На вториот гол се чекаше до финишот на полувремето, а стрелец беше Карим Бензема кој беше највисок во скокот по корнерот на Лука Модриќ.

„Кралевите“ беа подобар тим и во второто полувреме, па лесно стигнаa до 3:0. Повторно проработе комбинацијата Бејл-Роналдо, а Португалецот го постигна вториот негов гол на овој меч.

Реал продолжи да гази, а во 69-тата минута со неговата прва асистенција во сезоната му овозможи на Карим Бензема уште еднаш да ја погоди противничката мрежа.

Во 88-та минута по корнерот и шутот на Пепе, топката дојде до Роналдо кој го запиша својот хет-трик, трет во последните четири меча на Реал Мадрид.

Примера, 7.коло:

Недела:

Севиља – Депортиво 4:1

Еспањол – Реал Сосиедад 2:0

Реал Мадрид – Атлетик Билбао 5:0

Сабота:

Валенсија – Атлетико Мадрид 3:1

Рајо Ваљекано – Барселона 0:2

Еибар – Леванте 3:3

Малага – Гранада 2:1

Алмерија – Елче 2:2

Петок:

Хетафе – Кордоба 1:1

Табела: Барселона 19, Валенсија 17, Севиља 16, Реал Мадрид 15, Атлетико Мадрид 14...

06.10.2014 - 09:13


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега