Денешните мажи се смотани- српската пејачка откри зошто се уште е сама

Познатата српска пејачка Милица Тодровиќ последните неколку недели е главна тема во медиумите, а по признанието дека измислила како има момче,  таа открива дека не сака да влегува во каква било врска, бидејќи според неа денешните мажи се смотани.

При гостување во една телевизиска емисија Милица прозборела за својот  љубовен статус и ја открила причината поради која сѐ уште е сама:

 

 

Немам момче. Денешните мажи се смотани. Немаат манири како порано, сега сите одат на мускули и мислат дека ако пушат пури и носат тешки златни синџири се вистински мажи. Сѐ и сешто гледам низ клубовите каде што настапувам“, изјавила атрактивната русокоса и додала дека има и убави мажи, но дека штом ќе отворат уста веднаш се добива лош впечаток: „Има многу убави мажи, толку убави што ти доаѓа да ги врамиш како слика во рамка, но штом ќе отворат уста сѐ паѓа во вода“.

06.10.2014 - 12:19


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега