Автомобилот се превртел на покрив - петмина тетовчани во болница

 

Пет лица се здобиле со телесни повреди откако вчера во 14 часот и 30 минути 53-годишниот С.С. од село Гајре загубил контрола врз патничко возило „Голф 2“ по што автомобилот се превртел на покривот. Сообраќајната несреќа се случила на регионалниот пат Попова Шапка-Тетово. Возачот и четворица сопатници од возилото М.С.( 21 ),Х.С.( 54 ), Ф.С.( 44 ) и Б.С .( 45 ) се здобиле со телесни повреди и набрзо  се пренесени во тетовската Клиничка болница.

Се испитува зошто дошло до несреќата.

06.10.2014 - 12:21


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега