Бојана Стаменов ќе ја претставува Србија на Евровизија

Дваесет и осум годишната пејачка Бојана Стаменов, која поради раскошниот глас и необичен имиџ ја нарекуваат српската Арета Френклин, е еден од адутите на Србија за Евровизија.

Финалистката на шоуто Јас имам талент, ќе изведе една од трите песни на Владимир Граиќ. Другите двајца кандидати кои ќе се борат за своето место на овој фестивал, кој ќе се одржи напролет следната година во Виена, сеуште се тајна. За нив тројца ќе гласаат гледачите и кој ќе има највеќе гласови ќе ја претставува Србија на Евровизија.

 

06.10.2014 - 14:27


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега