Верон на чело на Естудијантес

Славниот Аргентинец Хуан Себастијан Верон победи на изботите за прв човек на фудбалскиот клуб Естудијантес де ла Плата.

Верон освоил 70 отсто од гласовите за да биде на чело на клубот, победувајќи го ривалот Енрике Ломбарди.

Искусниот Верон е како славните колеги Даниел Пеисарел и Кеиро Банбингтон, кои што ги предводеа Ривер Плата, односно Ураган.

Фудбалерот од Аргентина се прослави токму во редовите на тимот кој што ќе го предводи, а заедно со Естудијантес, беше дел и од клубовите Бока Јуниорс, Сампдорија, Парма, Лацио, Манчестер Јунајтед, Интгер, Челзи и Брандсен.

За националната селекција на „Гаучосите“ Верон на 73 натпревари постигна 9 погодоци.

06.10.2014 - 17:33


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега