Македонските војници на фудбалска пресметка со британски дипломати

Британската амбасада во соработка со македонските институции организира пријателски натпревари меѓу фудбалските тимови на британското Министерство за надворешни работи и тимовите на Армијата на Република Македонија, Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Од Британската амбасада информираат дека ќе се одигра фудбалски натпревар и со тим на поранешни професионални фудбалери.

Фудбалскиот тим на британското МНР го сочинуваат британски дипломати кои патуваат во различни земји на летни тури. Досега тимот гостувал во Белград, Киев, Софија, Вилниус, Будимпешта, Талин и Берлин.

Натпреварите се од хуманитарен карактер, а средствата собрани од продажбата на билети ќе им бидат донирани на параолимпјците од Македонија кои минатата година освоија златен медал на Параолимписките игри во Лондон и поставија нов светски рекорд.

Првиот фудбалски натпревар ќе се одигра денеска со почеток во 15 часот меѓу Армијата на Република Македонија и британското МНР. Сите останати натпpeвари се играат во терминот од 18 часот и според распоредот утре екипата на британското МНР ќе игра со поранешни професионални фудбалери,  на 8 јуни играат со тимот на македонското МНР, а на 10 јуни со екипата од Министерство за внатрешни работи на Република Македонија. 

Натпревари ќе се играат на стадионот на АРМ во Скопје.