ВИДЕО: Погледнете ја реакцијата на осудените во Шпион кога ја слушнаа казната 73 години затвор

Најголемата шпионска  афера  заврши  со 17 затворски казни и една условна осуда.   По осум месеци од стартот на судскиот процес Шпион,  обвинетите нивните роднини и новинарите ја наполнија најголемата сала во Врховен суд.  Највисоката затворска казна е изречена за првообвинетиот организатор на групата- Марјан Ефремов.  15 години затвор му се собраа на поранешниот разузнавач  од 6 кривични дела- злосторничко здружување, оддавање на државна тајна, измама, уцена, соработка со странски тајни служби, прикривање.

Голем дел од доказите во овој случај се пронајдено во компјутерот на Ефремов.  Водел прецизна евиденција за сите активности на одредени луѓе во државата а писмата и документите ги испраќал на странските  тајни служби . Доста често патувал во речиси сите европски градови и се среќавал со странци на кои им испорачувал сметки  за продадените информации.  Информациите чинеле околу 700 евра најчесто. Да слушнеме кои се останатите докази во оваа шпионска афера.

Висока казна затвор -доби и екс- генералот Горан Стојков. 9 години зад решетки му изрече кривичен поради  4 кривични дела .  Тој влезе во конфликт со обвинителката и со пцовки и навреди го изрази револтот од пресудата.   Рече дека за изнуда-дело заради кое доби 5 години му е веќе пресудено во друг процес.

Поранешниот директор на Управата за спречување перење пар- Ване Цветанов  за злосторничко здружување и злоупотреба на службаната положба доби 3 години затвор.

Поранешниот шеф во кабинетот на собранискиот спикер – Марјан Маџовски  е осуден на една година и шест месеци.

Контраразузнавачот Александар Диневски доби  4 години и 6 месеци затвор.

Цветан Дамјановски поранешен вработен во МВР доби 6 години и 6 месеци затворска казна.

На Зоран Божиновски кој се бараше со потерница поради изнуда на пари ќе му се суди во одвоена постапка. 

06.10.2014 - 22:30


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега