Шест месеци суспензија за Мајкл Фелпс

Американската пливачка федерација донесе одлука да го суспендира Мајкл Фелпс на шест месеци поради неговото апсење од страна на полицијата за возење во алкохолизирана состојба.

Најтрофејниот спортист во историјата на Олимписките игри на натпревари ќе може да учествува дури на 6 март кога му истекува суспензијата.

Американскиот пливач за инцидентот се извини на јавноста и вети дека за време на казната ќе поработи на својата рехабилитација.

- Имав исклучително тежок период. Погрешив. Признавам ова не ми е првпат. Разочаран сум и сега ми следува период на рехабилитација. Пливањето секогаш било дел од мене и верувам дека ќе ги надминам тешкотиите и пак ќе му се вратам на мојот омилен спорт, изјави Фелпс.

Тој се повлече по ЛОИ во Лондон 2012 година, но неодамна изрази желба повторно да се натпреварува, а како предизвик ги посочи Игрите во Рио 2016 година.

07.10.2014 - 10:23


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега