Соораќајка во Скопје: Повредени двајца патници во автобус

Двајца патници во автобус се здобиле со полесни повреди по сообраќајна несреќа која вчера се случила во Скопје, инфомира полицијата. Според извештајот на МВР, тоа е само една од вкупно 8 сообраќајни незгоди кои вчера се случиле на територијата на Град Скопје. Освен патниците во автобусот, потешко повредено е и уште едно лице кое во сообраќајот учествувало како пешка. Во остнаатите незгоди, за среќа нема  повредени и прчинета е само материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, шест возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 28 возачи кои го управувале своето возило по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

За денеска има најава за вонреден настан. Со почеток во 20 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на АБА лигата ќе се одигра меѓународен натпревар во кошарка помеѓу КК МЗТ од Скопје и КК Задар од Република Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземани мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот. 

07.10.2014 - 12:53


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега