Битола: Благајникот и директорот проневериле над 700.000 денари во Заводот за деца со оштетен слух

67-годишниот битолчанец П.Г. инаку поранешен директор на Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух  “Кочо Рацин“ и 56-годишниот М.Б. вработен како благајник-архивар ја злоупотребиле својата службена положба така што во периодот од месец март 2009 до месец Јули 2011 година во повеќе наврати  потрошиле средства  за патни и дневни трошоци во земјата и странство од буџетската сметка на Заводот. М.Б.  во својство на службено лице-благајник-архивар во заводот, му вршел исплата на П.Г. Исто така П.Г. ја злоупотребил својата службена положба на начин што од сметката на Заводот извршил задолжително осигурување од автоодговорност и извадил зелена карта за приватно возило и дозволил ненаменска исплата  на фактура за ноќевање во хотел   во Охрид за неговата сопруга. Вкупната материјална штета која е предизвикана со превземените дејствија и која е нанесена на Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“ изнесува 710.563 денари.


07.10.2014 - 12:49


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега