Петковска: Ловиме грешки во извештаите, службите да бидат поодговорни

Да се предупредат стручните служби во општина Центар да бидат поажурни, конкретни и точни, побара денес Елена Петковска, советничка на ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната седница во Центар се разгледуваат и се гласа за 12 точки. На голем дел од нив, советниците наоѓаа грешки во податоците, членовите и цифрите, односно сумите за тоа колку било барано, доделено, потрошено...

По повеќе образложенија од службите на Жерновски, единствените нивни одговори беа дека станува збор за неточна информација, за нецелосен материјал или дека “едноставно, има дополнет материјал кој не успеале да го достават“.

На ова реагираше советничката Петковска, која побара Шиповиќ да ги предупреди службите, за да работат наместо да бараат грешки.

-Случајно или намерно се прават премногу грешки. Ние сега тука како да ги ловиме грешките во извештаите и образложенијата, тие не се усогласени. Повторувам, не знам дали се намерни или случајни грешки, ама службите треба да се предупредат затоа што ние тука како да ловиме грешки во овие материјали, рече советничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради честите грешки во документацијата, советниците на ВМРО-ДПМНЕ поставија неколку прашања, на кои немаше кој да им одговори. Единственото што во еден дел го добија како образложение е дека станува збор за грешки во документацијата.

07.10.2014 - 17:38


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега