Мојата сопруга се плаши од орален секс, советувајте ме!

На адресата на "The Guardian", поточно на нивната рубрика "Sexual Healing", неодамна пристигнало писмо на очаен сопруг, едноставно насловено: "Мојата сопруга се плаши да ми пружа орален секс". Еве што напишал во писмото.

"Мојата сопруга никогаш не иницира орален секс и не ужива да го пружа, што мене прилично ме одбива од неа.

Кога зборуваме за тоа, јасно дава до знаење дека се плаши да не и свршам во устата. Ја уверував дека нема, но тоа што таа ја доживува мојата сперма како отров уште повеќе ме оладува".

Памела Стивенсон Коноли, задолжена за одговарање на ваквите прашања, му напиша одговор со кој вознемирениот сопруг најверојатно нема да биде претерано задоволен.

Таа му порача дека мора да ги усогласува своите желби со оние на сопругата бидејќи "луѓето имаат различни граници и работи кои не им се допаѓаат, а кои другите мора да ги почитуваат", особено во случаи кога во прашање е дури и страв.

Потоа додава: "Ако сакате да поттикнете одредено сексуално однесување кај партнерот, најдобро е прво да се подигне еротскиот набој меѓу вас така што ќе се задоволувате на начини кои ви се веќе познати и утврдени.

 Извор: зазабава.мк

07.10.2014 - 18:00


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега