ВИДЕО: Запознајте го најпаметното куче на светот

Женката со име Чејсер е дефинитивно најпаметното куче на светот. Чејсер е од расата бордер коли, а таа е најпаметна, бидејќи научила да разликува повеќе од 1.000 зборови!

Имено, ова паметно куче знае да разликува именки и глаголи и да донесе дури 1.022 играчки со различни имиња, пренесува порталот „The Dodo“.

Џон Пилеи е нејзиниот сопственик кој е пензиониран професор по психологија, и вели дека неговата миленичка ги научила имињата на стотици играчки, благодарение на секојдневните петчасовни тренинзи.

Погледнете што се` знае Чејсер.

08.10.2014 - 10:29


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега