Двајца скопјани завршија зад решетки

Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода  28-годишниот Несим А.  од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Исто така, во текот на вчерашниот ден постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода 41-годишниот Насер А. од Скопје  кој се барал за издржување затворска казна во траење од четири години, за сторено кривично дело “трговија со малолетно лице” .

Истите се спроведени во Затвор – Идризово.

08.10.2014 - 13:04


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега