Кавадарци: Полицаец продолжил сообраќајна дозвола на име на починат

Полициски службеник и референт за управни работи од Кавадарци добија кривична пријава бидејќи ја злоупотребиле службената положба и овластувања продолжувајќи ја важноста на сообраќајната дозвола за автомобил на име на починато лице. 

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М.М.(49) во ПС од Кавадарци и самостојниот референт во Отсекот за управни работи-Кавадарци М.М.(61), за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.  На 8 декември минатата година при вршење контрола во сообраќајот констатиран е прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кај патничко возило „сеат ибица“ и бидејќи во законскиот рок сопственикот на возилото не се јавил за изготвување покана за наплата на глоба до Комисијата за прекршоци во Кавадарци е поднесено барање за поведување прекршочна постапка. По ова, сопругата на сопственикот доставила извод на умрените односно укажала дека лицето против кого е поднесено барањето е починато и поднела претставка дека наведеното возило незаконски се регистрирало на починатото лице.

По преземени мерки и извршени проверки е утврдено дека на 25 март 2013 година М.М.(49) и на 5 мај 2014 година М.М.(61) извршиле продолжување на важноста на сообраќајната дозвола за наведеното возило иако знаеле дека лицето е починато. 

08.10.2014 - 13:24


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега