Пратениците на ДУИ не гласаа за законот против ИСИЛ?!?

Седуммина пратеници од редовите на ДУИ воопшто не гласале за законските измени во Кривичниот закон со кои за идните муџахедини и платеници, но и за нивните соработници и финансиери се предвидуваат затворски казни, иако биле присутни во Собраниската сала. Од 20 пратеници, колку што брои пратеничката група на ДУИ, шестмина не биле присутни на седницата на чиј дневен ред беше овој витален закон. Од останатите 14 пратеници кои биле присутни, седуммина гласале "за", а седуммина се воздржале од гласање, пишува Вечер

Според официјалните информации кои може да се најдат на сајтот на Собранието, меѓу тие што не го притиснале тастерот "за" или "против" има и високи функционери во партијата како Артан Груби, Рафиз Алити и Рамиз Мерко, додека поранешниот министер за одбрана Таљат Џафери гласал "за". Вечер побарал одговор од портпаролот на ДУИ, Артан Груби, кој вели дека информациите не се точни. Според Груби, ДУИ во неколку наврати јавно соопштила дека го поддржува овој закон, а дента кога се гласал тој воопшто не бил во Собранието.  - Информациите ви се погрешни. Тој ден јас воопшто не бев во Собрание, бидејќи бев со лидерот Ахмети на средби со странски дипломати. Не знам од каде ви е таа информација. ДУИ го поддржува овој закон и сите мерки кои ги предвидува и јас во неколку наврати го соопштив тоа на јавноста - изјави Груби.

 

Овој закон е еден од круцијалните во борбата против тероризмот и предвидува затворски казни за сите кои ќе војуваат во странска земја или пак, ќе врбуваат, ќе финансираат или ќе обучуваат идни борци. Измените на Кривичниот законик беа подготвувани неколку месеци и се по модел на оние кои веќе се на сила во Словенија, Австрија и во Велика Британија, а нивната цел е да се зајакне системот на национална безбедност и поголема ефикасност во борбата против тероризмот. Измените беа усвоени во Собранието на 3 септември со 64 гласа "за" од присутните 72 пратеници. Според измените на Законот, учеството, регрутацијата, обуката, агитирањето, логистиката и финансирањето се кривично дело за кое се предвидени минимални казни од четири, односно пет години затвор. 

Целата анлиза прочиајте ја во Вечер

09.10.2014 - 23:12


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега