Стивен Хокинг го позајми гласот за новата песна на Пинк Флојд

Познатиот физичар и еден од најголемите научници Стивен Хокинг, учествуваше во снимањето на новиот албум на „Пинк Флојд“ - „Endless River“. Стивен го позајми својот синтетички глас за песната „Talkin' Hawkin“.

Хокинг, кој боледува од АСЛ (амиотрофична латерална склероза), може да комуницира само со помош на направа која го синтетизира неговиот глас. Благодарение на неа, тој ќе се појави и на новиот албум на „Пинк Флојд“. 

На албумот ќе се најде и музика која ја сними Ричард Рајт, основач на „Пинк Флојд“ кој почина во 2008, а кој беше коавтор на 12 песни. 

Албумот треба да излезе на 10 ноември.

10.10.2014 - 10:46


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега