ВИДЕО: Ѓоковиќ засвири на виолина

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Шангај каде ја брани титулата на Мастерсот во овој кинески град. На социјалните мрежи се рашири снимка како најдобриот тенисер во светот свири виолина.

Новак покажа дека е вистински маестро и дека добро се снаоѓа и со овој гудачки инструмент.

Тој денеска ќе одигра натпревар против Шпанецот Давид Ферер за полуфинале на Мастерсот во Шангај.

 

10.10.2014 - 11:36


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега