Легендарниот Бора Чорба ја напушта Србија?

Најпознатиот рокер на Балканот, Бора Чорба најверојатно планира да се пресели во Словенија, каде што живее неговата нова девојка, со која е во љубовна врска откако се разведе од сопругата Александра.

Тој својата 28 години помлада животна сопатничка ја чува далеку од очите на јавноста.  Според она што го објави еден српски медиум Чорба на 31 октомври ќе одржи солистички концерт во Сава цнтар, а поради љубовта е подготвен да ја промени и адресата на живеење.

-Бора е моментално емотивно исполнет. Последниве неколку месеци тие двајца се договараат околу тоа после концертот тој да се пресели во Словенија“ – изјавил извор близок до Бора.

 

10.10.2014 - 11:54


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега