Имитирањето на Северина е голем предизвик- се отвори Елена Ристеска

Нашата пејачка Елена Ристеска е учесничка во втората сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“ и за таа српските медиуми открива како се одлучила да го прифати учеството во шоуто и дека и било тешко да се вклопи во екипата, со оглед на тоа што таа е единствен учесник од Македонија.

На прашањето дали има трема Елена одговорила:

– Имам трема пред настапот, затоа што нема да правам нешто што веќе го знам, туку треба да имитирам некого, во овој случај Северина, а тоа е еден голем предизвик.

Како се одлучи да го прифатиш учеството во шоуто?

– Многу тешко ја донесов одлуката, но на крајот прифатив бидејќи сфатив дека тоа е навистина голем предизвик. Кога гледате од другата страна на телевизиските екрани вие мислите дека е лесно, но тоа навистина не е така. Јас во овој момент треба да бидам фокусирана на три работи, актерство, пеење и движења, за да ја исполнам својата задача, а на сето тоа кога знаете дека камерите се вклучени, верувајте ми не е сеедно.

Како се вклопи со екипата на натпреварувачите, со оглед на тоа што си единствена од Македонија?

Таа вели дека екипата е чудесна и дека одлично се снашла во улога на имитатор.

Пејачката додава дека единствената работа која во моментов и недостига а не е до неа е нејзиниот сопруг.

10.10.2014 - 12:08


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега