НСДП се враќа во Собранието - кои пратеници на Заев од ноември седнуваат во собраниските клупи

Тројцата пратеници на Тито Петковски се враќаат во Собранието. СДСМ демантира, НСДП молчи. Се ближи ли крајот на политичкиот брак меѓу Петковски и Заев.

Од СДСМ велат дека односите во коаицијата се тековни. Потпретседателот Дамјан Манчевски денеска рече дека нема ништо необично.

Во НСДП денеска ниту потврда ниту демант. И Тито Петковски и пратеникот Горан Мисовски не одговараа на телефонските повици на Press24. Дека нешто не штима во опозициската коалиција говори и подотокот што веќе неколку недели советничката на НСДП во општина Центар Марија Бошковска не се појавува на седниците на општинскиот совет иако од нејзиниот глас, зависи мнозинството на СДСМ во оваа скопска општина. Таа само доаѓа на работа, се потпишува во списокот за присуство и си заминува, па советниците на Жерновски остануваат без мнозинство за носење одлуки во општината.

Дали Тито Петковски повторно ќе и го сврти грбот на опозицијата и дали неговите пратеници ќе бидат единствените кои ќе седнат во пратеничкото столче и покрај бојкотот на Заев во НСДП не откриваат.

Интересно е што опозицијата редовно ги демантира текстовите на Press24 но за оваа информација и по 24 часа од објавувањето, се уште нема официјален демант.

Последниот рок за опозициските пратеници да се вратат во Собранието истекува на 10 ноември. Тогаш навршуваат 6 месеци од стартот на овој собраниски мандат и според Уставот, пратениците кои во овој период нема да се појават во Собранието, по автомоатизам го губат мандатот.

Експертите оечкуват дека токму тоа ќе биде дополнителен притисок за поголем дел од пратениците да се вратат во Собранието, а првиот чекор, очекуваат да го направат токму пратениците на Петковски

Каракамишева за политичкиот магазин Пулт на Радио Слободна Македониај вели дека опозицијата добила силен удар со Извештајот на Европската Комисија и дека е време да и стави крај на деструктивната политика и да признае дека имала целосно погрешна стратегија.

СДСМ во последните неколку години во речи си секој мандат најмалку еднаш го бојкотира Собранието и по неколку месеци во илегала, повторно се враќа во пратеничките клупи.

 

 

10.10.2014 - 22:29


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега