ВИДЕО: Со какви проблеми се соочува мајка на осум деца?

Ова видео е дел од скриената камера која ја води Џон Кинјонес, а која има за цел не да ве насмее, туку да види како луѓето се соочуваат со најразлични ситуации. За оваа скриена камера, тој добил инспирација од мајка на 8 деца која вели дека постојано се соочува со непристојни коментари од околината.
-Отсекогаш сум сакала да имам големо семејство, вели мајката.
Таа додава дека луѓето постојано и даваат неучтиви коментари, како на пример дека требала повеќе да се информира за контрацепцијата и дека постојано ја прашуваат дали е корисник на социјална помош.
Погледнете како реагираа случајните минувачи кога некултурна келнерка, која е дел од актерската екипа, и упатува ужасни забелешки на сметка на нејзиното големо семејство.
13.10.2014 - 11:46


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега