ВИДЕО: Како да најдете Хрватки за секс?

Авторот на видеото насловено "Како да завршите во кревет со Хрватка", Еди Хитченс од Велика Британија вели дека отишол во Хрватска на одмор за да се опушти и одмори, но девојките таму биле презгодни а тој едноставно не можел да ги пропушти. Па наместо да одмара, се пуштил во поход.

-Хрватките се секси. Високи, слаби, со медитерански тен, кафени очи и коса...Голем дел од нив се женствени и секси со прекрасни облини. По правило се драги и пристојни, па дури и кога ве одбиваат, изјавил Еди, при тоа истакнувајќи дека не се "лесни риби".

Ако решите да се водите по инструкциите на Еди, тогаш голема е веројатноста дека неколку пати ќе бидете одбиени, поради фактот дека половина од нив имаат љубовници и внимаваат на својата репутација и ниту една од нив не сака да биде видена како си заминува од диско со турист. 

-Секс за една ноќ е тешка мисија. Мора многу добро да ја одберете играта. Хрватска е дел од ЕУ, па девојките нема да ви скокнат во прегратка поради британските пасоши и зелени карти, истакнува Еди.

-Бидете внимателни по ноќните клубови. Голем дел од девојките таму се малолетни. На влезот во ноќните клубови ретко бараат лични карти, па голем дел од гостите се малолетни. Треба сами да процените дали таа е дете или возрасна личност, изјавил Еди, при тоа истакнувајќи дека и покрај предизвиците вреди да се вложи напор. 

Еди со својот пријател и колега води веб портал на која им дели совети на мажите како да им пристапат на припадничките од понежниот пол и да започнат врска или флерт. 

13.10.2014 - 12:47


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега