Сода бикарбона ќе ви помогне да се ослободите од стриите

Стриите се несовршености на кожата, што секоја жена сака да ги отстрани од своето тело.

Како резултат на губење на еластин и колаген влакна, стриите се формираат за време на пубертетот, бременоста или наглото слабеење.

За да ја спречите појавата на стрии, можете лесно во домашни услови, да направите пилинг со сода бикарбона, кој ќе ви биде од корист во третманот на овие непријатни лацерации на кожата.

 За таа цел потребни ви се:

– 1 лажичка сода бикарбона

– Гел за туширање или сапун за тело

– Сунѓер за тело

Еве како да си направите пилинг со сода:

Истурете 1 лажичка сода во туш гелот кога ќе бидете под туш, или посипете го врз сунѓер за тело истото количество сода.

Измешајте ги добро двете состојки.

Внимателно масирајте ги местата каде што имате стрии со кружни движења. Честичките од сода бикарбоната ќе ги ексфолираат погодените зони, а гелот ќе ја хидратира и исчисти кожата.

Исплакнете темелно со вода. Правете тоа два до три пати неделно и резултатот нема да биде одложен.

Потребна е постојана грижа за вашата кожа, бидејќи негрижата обично доведува до сувост, лупење и стареење на надворешната обвивка на телото. Бидете здрави и убави! Стриите се подмолни непријатели и на ѕвезди како Џенифер Лопез, Селена Гомез и многу други.

Извор: Боза

13.10.2014 - 13:31


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега