Ќе напишам книга за лицемерието на естрадата- се отвори Нина Бадриќ

42- годишната пејачка Нина Бадриќ планира да ја разоткрие целата естрада во книгата која најверојатно таа самата ќе ја пишува. Како што вели ќе раскаже се за лажните пријателства и лицемерието.

-Луѓето се расиплива стока. Порано или подоцна се покажува кој каква намера има. Кога си пејач, сите мислат дека си моќен, па од тебе очекуваат некаква корист, вели пејачката.

Бадриќ искрено кажала дека во животот ја разочарале дури и најблиските пријатели, а подобра не е ситуацијата во музичкиот свет.

-Поголемиот дел ви се смешка и убаво ви зборува, а со срцето не ви посакуваат добро. Би можела наскоро на напишам книга, додека тие некои луѓе се живи, па да видам дали некој ќе се зацрвени, а би можеле многу. Верувам дека постои некој висок суд кој нема да дозволи сите кои прават зло во животот да пројдат неказнето, додава Нина.

13.10.2014 - 13:42


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега