Се појавил вирус поопасен од еболата

Додека светот се обидува да се справи со еболата од која настрадаа повеќе од 3000 луѓе, на истокот во Африка се појави уште еден смртоносен вирус. Марбуршката хеморагична треска, која во 1967 година е прв пат идентификувана ја зема првата жртва.

Случајот на 30 годишниот здравствен работник кој починал во болницата во Менго во Уганда освен што крена паника кај властите во оваа држава, туку ги крена на нозе и здравствените институции во соседните земји.

 

Откако тестовите покажале дека марбуршката треска била причина за неговата смрт, во карантин се наоѓаат околу 150 лица, од кои 11 имаат симптоми на вирус со висока стапка на смртност. Сите граѓани кои од Кенија и Судар патуваат за Уганда се под строга контрола.

Од 31 лице, колку што биле заразени во 60те години во три европски градови, седум од нив починале. Изворот на вирусот биле зелените мајмуни од Африка, кои германскиот институт и Институтот Торлак ги користеле за лабораториски истражувања. Од тогаш, светот бил погоден од неколку бранови на епидемии, а лек се уште не е пронајден.

-Вирусот Марбург е многу опасен, а кај поголем дел од заболените резултира со смрт. Симптомите се треска, повраќање, дијареа и внатрешно крварење - како и кај еболата, изјавил извор од Светската здравствена организација.

На листата на десет најопасни вируси на "Дојче веле", марбуршката треска е на прво место, и тоа поради фактот дека стапката на смртност надминува и до 90 отсто. Како и кај еболата, така и овде, вирусот се пренесува од животните, а потоа се шири преку контакт со заболените и преку телесни течности.

Најголема епидемија на марбуршката треска

1998 година: 154 заболени, 128 умреле

 

2004 година: 252 заболени, 227 умреле

13.10.2014 - 15:40


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега