Северина сигурно се превртува на јахта

Елена Ристеска деновиве убедливо е една од најозборуваните жени на овие простори. Нејзиниот секси настап во рамки на шоуто "Твоето лице звучи познато" во кој ја имитираше Северина наиде на голем број коментари и критики, а пејачката не остана ниту поштедена од српскиот дизајнер Саша Видиќ кој на нејзина сметка сподели неколку постови на Твитер. "Што да кажам, освен тоа дека Северина во моментов се превртува на јахта", стои во постот на дизајнерот на Цеца, кој воопшто не бил воодушевен од имитацијата на нашата Елена. Пофални зборови даде само за Јелена Гавриловиќ и Бане Мојичевиќ, кои според него биле најдобри.    Сепак, македонската естрада не го дели неговото мислење. Панчо од ДНК, Тамара Тодевска, Нина Јанева, Туна, Димитар Андоновски, Роберт Билбилов... се само дел од колегите кои ја поддржаа македонската Севе и и дадоа пет плус за настапот.  Веќе идната недела, Елена ќе ја видиме во улога на Бритни Спирс.Ова е втора сезона од ова шоу, а покрај нашата претставничка, меѓу ѕвездите-имитатори се наоѓаат и Кеба, Тања Савиќ, Бане Мојичевиќ, Неда Украден... 

13.10.2014 - 23:31


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега