Путин ќе јаде од сребрените чинии на Тито

Рускиот претседател Владимир Путин  во четврток треба да ја посети Србија. Тој ќе руча од чиниите и сребрениот есцјаг направени пред 40 години специјално за маршалот Тито, според протоколот ручекот ќе трае 40 минути. 

„Тоа ќе биде ручек со голем број на луѓе“ изјавиле од организационото одбор.

Претходно, руската делегација ќе присуствува на воената парада, на која ќе учествува и руската авијација со пет авиони „миг 29“. На парадата ќе учествуваат околу 4500 припадници на Министерството за одбрана и Војската на Србија.

 

14.10.2014 - 09:48


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа