Елена Ристеска: Ми недостига Бојан!

Со впечатливата имитација на хрватската ѕвезда Северина и со атрактивниот изглед, Елена Ристеска ги освои симпатиите на жирито во првата емисија на шоуто „Твоето лице звучи познато“, коja се емитуваше неделата, на „Сител“. 

- Сите ме прифатија и многу лесно се навикнав, затоа што целата екипа на „Емоушн“ и натпреварувачите се многу пријатни и одлични за соработка. Поради себе, но и затоа што ми се потребни критики, позитивни или негативни ми недостасуваат најблиските, родителите, сестра ми, пријателите. Но најмногу од се мојот сопруг и внуката, која се роди пред еден месец. Желна сум да ја видам - открива пејачката за Дневник.

Пејачката открива  дека поради слабата физичка форма, во почетокот и било тешко да се навикне на пробите и на вежбањето, но сега тоа е  минато. 

 

14.10.2014 - 11:00


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега