Сајмон: Клуни се ожени- Сега јас сум најпосакуваниот ерген

Сајмон Кауел член на британскиот “Јас имам талент”никогаш и не бил познат по својата скромност, така што не е чудно што себе си се нарекол “најпосакуван ерген на светот“.

-„Јас сум единствен познат ерген кој остана на светот, благодарение на Клуни“ изјавил Сајмон.

До сега актерот Џорџ Клуни ја имаше титулата најпосакуван ерген, се забавуваше со многу жени, но дури сега застана на лудиот камен и конечно го кажа судбоносното Да.

И Сајмон како Клуни променил многу жени, но никогаш не се “скрасил“. Сега со девојката Лорен Силвермен го има синчето Ерик, но како што вели уште малку ќе почека за судбоносното “да“.

 

 

14.10.2014 - 13:16


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега