Како до заштеда од 100.000 милијарди долари и намалена загаденост за 40%

Порастот на емисијата на јаглерод диоксид кој го генерираат возилата придонесе за настанување на епидемија која резултирала со проширување на болести и смрт низ различни делови од светот.

Америка не е единствена земја која пати. Градовите низ целиот свет се соочуваат со намалување на квалитетот на сончевите зраци, поради загадувањето, поради што многу луѓе се здобија со здравствени проблеми како астмата, респираторните инфекции, и други потешкотии со дишењето.

Нечистиот воздух предизвикува околу 200.000 прерани смртни случаи во САД, се наведува во истражувањето кое MIT го објави во 2013 година. Студијата утврди дека емиисите од прометот еден од водечките загадувачи на воздухот, го прават жителите од градовите.

Негативните честички во воздухот не само што негативно влијаат на луѓето и околината туку и скапо не чинат.

Но, новото соопштение на Универзитетот во Калифорнија има одговор кои релативно е еднсотавен. Користете ги помалку автомобилите.

Возењето точак или пешачењето може да заштеди билиони во индните 35 години

Ширењето на јавниот превоз би можело да заштеди во јавниот и приватниот сектор повеќе од 100,000 милијарди долари, од сега па до 2050 година, пишува US Davis. Користејќи други методи на мобилност, како што се одењето и возењето точак, можеме да ја намалиме емисијата на јаглерод диоксид на само 1700 мегатони годишни во 2050 година.

Извршувањето на строги контроли на прописите, загадувањето, ширењето и користењето на ултра-сулфур горива, може да помогне во спречувањето на отприлика проценка на проекцијата од 1,4 милиони смртни случаеви на годишно ниво, кои се резултат на загадувањето од возилата до 2050 година, се наведува во анализата направена од страна на Меѓународниот совет за чист превоз.

Удвојувањето на нафтената економија поврзана со моторните возила, експертите проценуваат дека емисијата на CO2 може да се намали за дополнителни 700 мегатони до 2050 година.

Студијата покажува дека со заминувањето на возилата кои се во средишен развој, поготово, кај брзоразвиените земји, ќе го намали урбаниот CO2 драматично и ќе ги намали трошковите“, се наведува во извештајот на коауторот Lew Fulton, кој е и ко-раководител наNextSTEPS програмата на UC DAVIS институтот за транспортен и сообраќаен инжинеринг.

Критичната работа е во тоа што треба да го намалиме штедењето на енергијата и емисијата на јаглерод диоксид за сите возила.

Извештајот кој е направен на 17 септември на подготвителниот состанок на ОН во Њујорк, е прв кој истражи како големите промени во транспортните вложувања во светот влијаат на емисиите на урбанистичките видови на превоз на патници, како и мобилноста на поедини доходни групи.

Сценариото High Shift се користел за конфигурирани студии на броеви, идеален модел во кој владите би ги зголемиле вложувањата во железницата и чистиот автобуски превоз, со изградба на инфраструктура која ќе осигура сигурна прошекта и возење со велосипед. Владите ќе мораат да потрошат помалку за изградба на патишта и гаражи, усмерувајќи ги луѓето далеку од желбата да поседуваат возило.

САД и понатаму е водечки произведувач на CO2 и останати отрови во прометот

Во 2010 година речиси четвртина од емитувањето на јаглерод диоксид влијаело на урбаните транспортни сектори, создавајќи околу 2300 мегатони CO2 истата година. Експертите велат дека со продолжувањето на брзата урбанизација, особено во земјите како Кина и Индија во развој, овие бројки би можеле да се удвојат во наредните 35 години, нанесувајќи уште поголем притисок на луѓето и околината.

Америка е водечка светска сила во емитувањето на CO2 и загадувањето на околината со помош на урбаниот превоз на патници. Но, се очекува значително намалување на емисиите од 670 мегатони на годишно ниво на 560 мегатони до 2050 година, низ забавувањето на растот на транспортот и зголемувањето на ефикасните горива.

 

Но, со брзиот урбан раст и зависност на возилата во Кина се очекува зголемување на емисиите на Co2 и зголемување од 70 мегатони до 540 мегатони до 2050 година, но експертите велат дека High Shift сценариото на јавниот превоз може да се рашири низ остатокот од светот, трократно зголемувајќи ја пристапноста на оние со најниски примања, и удвојувајќи ја за другата најниска група. 

 
14.10.2014 - 14:38


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега