Приказна која содржи само шест зборови– но ќе ве расплаче

Најкратката приказна на светот има само шест зборови, но ќе ви го скрши срцето.

Додека бил млад Ернест Хемингвеј се нашол во друштво на неколку писатели на кои им рекол дека може да напише целосна приказна во само шест зборови.

Никој не му поверувал, но сите го сфатиле тоа како труд и желба младиот писател да се истакне меѓу старите колеги. Меѓутоа, за да го исмеат младиот Хемингвеј, одлучиле да се пошегуваат, па се кладиле дека тоа е неизводливо, а секој од нив вложил по 10 долари како му докажале дека тоа е невозможно.

Ернест зел една палома од масата, и на неа напишал шест зборови. Не сакал на глас да ја прочита приказната, туку ја дал паломата на писателот до нго, кој ја предал на тој до него се додека сите не ги прочитале шесте зборови.

Кога ја прочитале кратката приказна сите се согласиле дека шест зборови се апсолутно доволно да се напише една приказна.

Хемингвеј на салфетката напишал: На продажба. Обувки за бебе. Неносени.

14.10.2014 - 19:33


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега