ФОТО: Папагал исчезнал пред 4 години- кога се вратил го шокирал сопственикот

Сопственик на папагал, кој исчезнал пред четири години и кој зборувал англиски со британски акцент, тврди дека неговата птица се вратила, но сега зборува на шпански јазик. 

Дарен Чик за весникот Дејли Бриз изјави дека не знае каде бил неговиот сив африкански папагал по име Најџел, но дека птицата без оглед на промената на јазикот сосема добро повторно се снаоѓа во својот дом.

Најџел е најден во двор на една двојка во градот Торенс, кој води салон за нега на кучиња, а тие прво помислиле дека птицата и припаѓа на Тереса Мико, која објавила оглас дека го бара нејзиниот исчезнат папагал.

Кога ветеринарската техничарка Мико сфатила дека тоа не е нејзина птица и успеала според податоците од купувањето да дојде до Чик, кој бил многу изненаден кога конечно го пронашол миленичето изгубено пред четири години. 

14.10.2014 - 19:47


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега