Емотивно и топло писмо од еден родител за своето дете

Ова неверојатно емотивно и топло писмо од еден родител за своето дете навистина ќе ви го стопли срцето и ќе ви измами по некоја солза...

-Сега уште не сум остарен, а кога ќе ме видиш таков, биди трпелив со мене и пробај да ме разбереш.

-Ако се накапам додека јадам, и ако сам не можам да се облечам, биди трпелив со мене. Сети се на часовите кои ги поминав додека јас не те научив на тоа.

-И ако во разговор повторувам исти работи повторно и повторно, немој да ме прекинуваш, слушај ме. Кога беше мал, морав да ти ги повторувам истите работи по сто пати.

-И ако не сакам да се мијам и капам, немој да ми се смееш и да ме навредуваш. Сети се како јас морав да те молам и да измислувам илјада причини за да успеам да те искапам тебе.

-Кога ќе видиш колку не ја познавам новата технологија, дај ми време и немој да ми се потсмеваш, бидејќи јас тебе те научив на многу работи: правилно да јадеш, правилно да се облекуваш и да се соочуваш со животот.

-Ако некогаш во разговорот ја изгубам мислата, дај ми малку време за да се потсетам и ако не успеам во тоа, немој да се лутиш.

-Не ми е најважна работа на светот нашиот разговор, туку тоа да сум со тебе и да знаеш да ме слушаш.

-Ако не сакам да јадам, немој да ме присилуваш, сам знам кога ми е потребна храна.

-Кога старите нозе нема да можат да ме држат и нема да можам да одам, подај ми рака исто онака како што јас тебе ти ја подавав кога прв пат проодуваше.

-И ако ти кажам дека сакам да умрам, не сакам да живеам, не лути се. Еден ден ќе ме разбереш.

-Еден ден ќе сфатиш, дека и покрај сите мои направени грешки, ти посакував само најдобро, те сакав и пробав да те подготвам за понатамошниот живот.

-Немој да бидеш тажен, не се лути и не се чувствувај беспомошно кога ќе ме гледаш таков. Биди покрај мене и пробај да ме разбереш и да ми помогнеш, онака како што јас тебе ти помагав кога почна да живееш.

Биди ми потпора, помогни ми да го завршам ова патување со љубов и трпение. Јас ќе ти вратам со насмевка и со неизмерна љубов која отсекогаш ја чував за тебе.

14.10.2014 - 20:23


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега