Невработените и работодавачите „лице во лице" - 35.000 посетители на Саемот за вработување

Повеќе од 35.000 граѓани го посетија првиот Саем за вработување, кој во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, го организираше Агенцијата за вработување на Република Македонија.

На Саемот учествуваа 86 компании од сите сектори и дејности, меѓу кои и дел од странските вложувачи кои дојдоа да инвестираат во Македонија.

Од Агенцијата за вработување најавија одржувањето на саеми за вработување и во други градови во Република Македонија, на кој граѓаните, повторно, ќе имаат можност директно да поразговараат со претставници на најголемите компании во државата.

15.10.2014 - 12:11


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега