Фејсбук и Епл им плаќаат на жените за да го оддолжат мајчинството

Гигантските компании Фејсбук и Епл им понудија можност на своите вработени да се посветат на кариерата и да го одложат мајчинството со замрзнување на јајце клетки?

 

Неодамна компаниите започнаа програма која започнува со реализација од јануари 2015 година во која на секоја вработена жена ќе и дадат по 20.000 долари за замрзнување на јајце клетки за да не го чувствуваат притисокот поради отчукувањето на биолошкиот часовник.

 

Замрзнувањето на јајце клетки е процес што им овозможува на жените да се подложат на вештачко оплодување откако нивната репродуктивна моќ ќе започне да опаѓа при што непречено ќе можат да се посветат на градењето кариера, а мајчинството да го одложат за период во кој ќе бидат подготвени за истото.

Иако оваа одлука е и малку ризична бидејќи секое ин витро оплодување не резултира со раѓање на бебе, сепак со развојот на технологијата се направени многу подобрувања на ова поле.

 

Со ваквиот потег компаниите ќе можат да привлечат вработување на поголем број жени. Засега, Фејсбук им плаќа отсуство од 4 месеци на идните мајки и татковци, како и 4.000 долари бонус за новите родители. Додека Епл им дозволува на своите вработени еден месец отсуство пред пораѓај и 3 месеци по породувањето. Татковците добиваат 6 недели платено отсуство.

15.10.2014 - 12:35


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега