Mачките сакаат да се галат со луѓе кои не сакаат мачки

Доколку влезе мачка во просторија во која се наоѓаат луѓе, тие што сакаат мачки инстиктивно ќе прозборат, ќе го насочат вниманието кон мачката, многу често ќе пружат раце кон неа, или на некој друг начин ќе дадат до знаење дека сакаат мачки. Од друга страна, луѓето кои не сакаат мачки или едноставно се плашат од нив, ќе останат мирно да седат, често ќе го тргнат погледот од мачката, а понекогаш ќе се здрват со цел мачката воопшто да не им се доближи. 

Мачката најчесто ќе се доближи токму до такви луѓе, ќе им се галат околу нивните нозе и многу често ќе им седнат во скут. Дали некогаш сте се прашале, зошто е тоа така? 

Работата во принцип е многу едноставна. Луѓето кои ги игнорираат мачките, за животните не претставуваат никаква закана. За разлика од луѓе кои сакаат мачки, кои ќе ги галат и ќе се обидат да влезат во било каква интеракција со нив, што за мачките според нивниот инстинктивен однос претставува закана.

15.10.2014 - 12:49


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега