Тони Цетински доаѓа во Скопје

Најпопуларниот хрватски пејач, Тони Цетински, на 28 Ноември доаѓа во Скопје. На својот прв и најголем солистички концерт во Македонија, во организација на План Б Продукција. Македонија во 2005 година имаше можност да го запознае како пријател на Тоше Проески во заедничката дуетска песна „Лагала нас мала“.

Во 2007 Тони Цетински застана рамо до рамо со Мајкл Болтон и Хозе Карерас, денес во 2014 сцената во Скопје сцената ќе ја подели со голем број музички соработници, гости и пријатели. Откако пред неколку дена, ја снимија заедничката „Заблуда“ со Жељко Јоксимовиќ, рушат рекорди на слушаност во регионот.

„Опет си победила“, „Онај ко те љуби сретан је“, „23 декември“, „Нека те одведе“, „Ако то се зове љубав“ се само мал дел од хитовите кои што ја бележат кариерата на пејач од рангот на Тони Цетински.

Концертот во Скопје, ќе биде единствен по многу нешта. Нема да биде како и секој друг поп концерт, затоа што Цетински најавува и оперски елементи, голем оркестар кој што ќе го придружува, хумор, глума но пред се музички интензитет во кој што ќе уживаат сите генерации. 

Влезниците за концертот, ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (20 октомври), по цена од: партер стоење – 400 денари, трибина – 600 денари, фан пит – 600 денари и ВИП – 1200.  Оваа промотивна цена на влезниците, останува до 16 ноември.

15.10.2014 - 14:08


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега