ФОТО: Позната манекенка во кома откако ја удри автобус

29- годишната манекенка Ана Мариа Мостром настрада во страшна несреќа. Манекенката падна во кома откако ја удри автобус додека возеше велосипед низ улиците во Њујорк и се здоби со тешки повреди на мозокот по падот на плочник.

Ана не носела кацига, а моментално се наоѓа на интензивна нега во болницата „Cornell“ во Њујорк.

 

- Автобусот ја удри толку силно што веднаш падна во кома. Се надеваме на чудо, иако докторите рекоа дека шансите се многу мали, велат членовите на семејството.

 

Мостром за првпат со својата убавина се истакна на натпреварот „Sweden Next Top Model“ во 2005 година. Оттогаш се пресели во Лос Анџелес каде носеше модели на најпознатите креатори како Оскар де ла Рента и Роберто Кавали.

15.10.2014 - 14:46


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега