ВИДЕО: Малку поинаква скриена камера- дали сте авантуристи?

Дали сметате дека сте спортски тип? Како би реагирале кога сосема неочекувано вашите вештини се ставени на тест?

Група луѓе во Кореја сакале да купат спортска облека во една мобилна продавница.

 

Компанијата The north face смислила интересен начин да ги мотивира луѓето да бидат што поголеми авантуристи.

Подот во мобилната продавница одеднаш почнува да го снемува, а муштериите имаат само неколку секунди и два избори – или да паднат на мекиот под или да почнат да се искачуваат по ѕидот.

За оние кои го одбраа искачувањето по ѕид следуваше убаво изненадување.

Од таванот се спуштаа разни спортски облеки со врвен квалитет и тајмер од 30 секунди за муштериите да си ја земат наградата.

 

Погледнете како изгледаше оваа интересна кампања.

15.10.2014 - 15:33


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега