Славната пејачка Кеша десет години силувана од менаџерот?!

Со официјално соопштение пејачката Кеша ја шокираше јавноста.

Таа десет години трпела емотивно, физичко и на крај сексуално злоставување од страна на својот менаџер Готвалд, познат како Доктор Лук.

Во соопштението се вели дека тој ја тепал и сексуално ја злоставувал, а ја терал и да пие и да зема дроги. Сите тие пороци и предизвикале на пејачката пореметување во исхраната  и како последица на тоа на почетокот на годината завршила на лечење.

Менаџерот тврди дека сето тоа е измислица. Неговиот адвокат Кристин Лепера изјавила – „Ова е само продолжување на нејзиното токсично однесување. Сигурна сум дека мојот клиент поради овие нејзини глупости ќе добие голема отштета“.

За нивните несогласувања е објавено уште на почетокот на годинава, кога Кеша отишла на лекување поради пореметување во исхраната. Тогаш нејзината мајка јавно го обвини нејзиниот менаџер. 

15.10.2014 - 18:37


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега