Празнење Батерии со Нокаут, Eye Cue, DJ Chvare и многу други

Видео најава за музички едукативниот настан "Празнење батерии" што ќе се одржи во зимскиот клуб Хавана во петок на 24 Октомври.

На концертот ќе настапат Нокаут, "Eye Cue", "DJ Chvare", "Funk Shui", Марлон Брандо и "DJ K-105".

Влезница:
5 (или повеќе) празни батерии или
1 нефункционален мобилен телефон или
1 празна батерија од лаптоп или фотоапарат.

Целта на настанот е добра забава и развивање на свеста кај младите за селектирање и рециклирање на батериите и мобилните телефони.

Настанот е дел од проектот Гоу Клин. Целта на проектот е воспоставување на одржлив систем за управување со отпадни батерии и помал електронски отпад. Проектот е поддржан од Норвешката Амбасада во Белград и Т - Мобиле.

Во видеото се појавуваат: Сашко Коцев, Сашо Гигов - Гиш, Антонио Јовановски, Елеонора Јовановиќ, Катерина Попева, Огнена Ристовска, Кирил Трајковски, Тино Костадиновски, Дајана Аритоноска, Јована Аврамовска и Марко Соколовски.

Сценарио и режија: Марко Соколовски (Go Green)
Камера: Сотир Ивановски (TiR record) и Јане Јанков
Видеомонтажа: Сотир Ивановски (TiR record)
Аудио: Димитар Маневски (Didako)
Дизајн: Симона Блажевска и Емилија Јосифовска (БЗК Орце Николов)

 

Погледнете ја оваа видео најава.

15.10.2014 - 18:53


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега