Што ако на дронот, наместо знаме имаше бомба?- прозборе претседателот на УЕФА

Се уште не стивнуваат реакциите по инцидентот кој се случи на мечот Србија-Албанија во квалификациите за ЕП, одигран во Белград.

Претседателот на УЕФА Мишел Платини во интервју за француската ТФ1 праша што ако на дробот наместо знамеше имаше бомба. Тој воедно додал дека прекинот на мечот бил срамен.

Платини соопштил дека ќе има дисциплинска истрага, а се чекаат извештаите на судиите, делегатот и едно официјално лице за безбедност кое било испратено од УЕФА во Белград, бидејќи знаеле дека се работи за натпревар од потенцијална опасност.

Првиот човек на УЕФА воедно потенцирал дека она што се случило во Белград е срамно и тажно, додавајќи дека ваквите ситуации стануваат опасни, особено каде постои оргомна политичка напнатост.

16.10.2014 - 09:49


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега