„Се уште не можеме да веруваме дека го нема" - родителите на Тоше скршени од болка

 

Македонија седум години жали по најголемата музичка ѕвезда. Денеска се навршуваат точно седум години од смртта на нашиот непрежален ангел, Тоше Проески. Неговите родители се уште се скршени од болка.

Тагата по нашиот син секој ден е сѐ поголема. Не сме во состојба да зборуваме за тоа, особено не во овие моменти, изјавиле родителите на пејачот со ангелски глас.

Денеска во 6:20 часот, токму во моментот кога Тоше настрада, се одржа помен на неговиот гроб. Пристигнаа 16-те маратонци кои пред неколку дена тргнаа од Нова Градишка за да стигнат до неговото вечно почивалиште.

Извор: Вистина

16.10.2014 - 10:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега