Бијонсе се подготвувала со месеци јас само неколку дена- се огласи Неда Украден

Познатата српска пејачка Неда Украден, која имитирајќи ја Бијонсе во црвен корсет буквално „растури“ во шоуто Твоето лице звучи познато. Со провокативниот настап не само што ја раздрма јавноста туку за нејзиниот перформанс слушна и светот.

Имено, британскиот сајт Дејли Мејл објави вест за српската пејачка и нејзината трансформација со предупредувачи наслов „Внимавај Бијонсе! 64 годишна баба игра на твојата песна во црвен корсет“.

Локалните медиуми ја прашаа Неда дали и таа сама смета дека во секси долна облека претставува опасност за американкста поп ѕвезда, по што пејачката изненадена од веста одговори:

- Па дали е можно? Мило ми е што мојот прв настап толку ја разбрани јавноста. Бијонсе ми е многу симпатична, бев на нејзиниот концерт во Белград минатата година и сето тоа ми изгледаше совршено, но ако треба да се споредувам со некој, тогаш најслична сум со Тина Тарнер. Имам специфичен стил на пеење, но таа нејзина енергија и животна борба секогаш ме потсетувала на мојата, изјави Неда и додаде:

- Се обидов колку што можев за толку кратко време. Бијонсе за тој настап за доделувањето на МТВ наградите во 2009-та година сигурно се подготвувала со месеци, а јас морав да ја совладам кореографијата за неколку дена. Мило ми е што и се допадна на публиката и на жирито, а по настапот телефонот не престана да ми ѕвони. Ми се чини дека толку честитки немам добиено во целата кариера, изјавила Неда.

Додека сѐ уште страстите по нејзиниот прв настап не стивнуваат, таа веќе сериозно е посветена на својата следната задача.

- Се трудам околу овој настап, поради публиката и поради себе, бидејќи не сакам да се посрамотам. Повторно ќе предизвикам шок бидејќи го подготвувам мјузиклот „Чикаго“

16.10.2014 - 14:03


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега