УЕФА ќе се воведе бел картон

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Мишел Платини сака да воведе големи новини во фудбалот. Една од нив е „белиот картон“ со кој кавгаџиите ќе бидат пратени на „ладење“.

-Црвениот и жолтиот картон остануваат, а белиот би се вовел за оние играчи кои влегуваат во расправија со судиите, а таквите случаи се многу чести, изјави Платини.

 Првиот човек на УЕФА исто така сака да воведе пет замени во текот на натпреварите наспроти сегашните три. Две би биле дозволени во првото полувреме, а во вториот дел остануваат три кои и сега се на располагање.

17.10.2014 - 09:16


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега