Мајкл Џексон заработил повеќе и од Елсвис Присли
Мајкл Џексон уште еднаш го надмина Елвис Присли на листата на славни покојници со најдобра заработувачка.
Според списанието „Форбс“ во изминатата година, богатството на Мајкл се зголемило за 140 милиони долари, додека на Присли за 55 милиони.
Ова не е за изненадување ако се има предвид дека оваа година беше објавен постхумниот албум на Џексон, „Хscape“, што се наоѓа на самиот врв на светските топ листи.
Карикатуристот Чарлс Шулц (Чарли Браун) е на трето место со заработувачка од 40 милиони долари.
Потоа следува Елизабета Тејлор со 25 милиони, главно поради добрата продажба на парфеми со нејзини потпис и старите филмови.
Реге уметникот Боб Марли е на петто место со 20 милиони долари, благодарение на неговиот лик на чанти, маици, па дури и на еден безалкохолен пијалак.
На листата се наоѓаат и Мерилин Монро со 17 милиони долари, Џон Ленон 12 милиони, Алберт Ајнштајн 11 милиони, Теодор Гејзел со девет милиони, Брус Ли девет милиони, Стив Меквин со девет милиони и Бети Пејџ со девет милиони, во чија чест од наредната година ќе се игра шоу во Лас Вегас, кое дури ќе содржи и холограм на една од нејзините стриптиз точки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа